Задолжително

Најлошите навики кои се всуштност добри за нас

Напишано од martin

Уште додека сме мали ние учиме кои работи се добри, а кои не. Учиме да бидеме чисти, да водиме хигиена и да ги избегнуваме лошите навики. Денеска издвоивме неколку навики кои што се лоши, но всушност знаат да бидат добри за нас.

Уринирање додека се бањаме

Голем дел од луѓето низ светот, извршуваат мала нужда додека се бањаат. Ова важи за лоша навика, бидејќи урината е нечиста. Сепак, урината е стерилна и има антибактериски дејства па оние кои уринираат додека се тушираат, имаат помали шанси да развијат габи на стапалата.

Плукање

Тоа е навистина лоша навика која не смеете да ја правите на јавно место, но кога сте сами, плукањето и не е толку лошо бидејќи го чисти вашето грло и ви овозможува подобро дишење.

Гасови

Иако гасовите важат за доста непристојна појава, тоа е сепак нешто нормално. Јаглениот диозид и метанот се гасовите кои доведуваат до тоа и здраво е тоа ако го правите додека сте дома сами. Само гледајте тоа да го направите додека сте во купатило или на надвор.

Подждригнување

И подждригнувањето е начин да ги исфрлите непотребните гасови. Тоа се гасови од желудникот и кои ќе ги отфрлите, храната полесно може да се свари. Секако дека тоа важи за некултурна работа додека седите со некој, затоа равете го додека сте сами.

Јадење мрсули 🙂

Многу од нас како мали го правеле тоа и родителите не учеле дека не е во ред. Но, според некои истражувања, мрсулите го зајакнуваат имунолошкиот систем и помага во борба против настинката и грипот.

За авторот

martin