Кариера

Најплатени ѕвезди во светот според Форбс

Напишано од Mr. N

Американскиот Форбс ја објави листата на најплатените ѕвезди, а првите три места се резервирани за Тејлор Свифт, Кајли Џенер и Канје Вест. 

За одличната заработка на Свифт од 185 милиони долари, најзаслужна е големата светска турнеја Reputation, која стана најисплатлива американска турнеја во историјата. Пејачката ја напушти издавачката куќа Big Machine records и започна своја, а нејзиниот сингл „ME!“ урна рекорди на YouTube, со 100 милиони прегледи во 79 часа.

На второ место е 21-годишната Кајли Џенер која заработи 170 милиони долари, а е прогласена и за најмлада изворна милијардерка во историјата, а додека на трето место е Канје Вест кој заработи 150 милиони долари.

Ова е листата на Forbes, за славни личности со најголема финансиска добивка во изминатата година:

1. Тејлор Свифт – 175 милиони

2. Кајли Џенер – 170 милиони

3. Канје Вест – 150 милиони

4. Лео Меси – 127 милиони

5. Ед Ширан – 110 милиони

6. Кристијано Роналдо – 109 милиони

7. Нејмар – 105 милиони

8. Д Иглс – 100 милиони

9. Доктор Фил – 95 милиони

10. Канело Алварез – 94 милиони долари

 

 

За авторот

Mr. N