Кариера

Најплатените спортисти во светот според Форбс

Напишано од Mr. M

Американскиот Форбс ја објави листата на најплатените спортисти, а првите три места се резервирани за Меси, Роналдо и Нејмар. Минатата година, Меси заработил 127 милиони долари што е за 18 милиони повеќе од ривалот Кристијано Роналдо.

После нив на третото место следува Нејмар со заработка од 105 милиони долари. На четвртото место е мексиканскиот боксер Канело Алварез со 94 милиони долари, додека на петото место е Роџер Федерер со 93,4 милиони долари.

Шестото и седмото место се играчи од НФЛ лигата на САД, а тоа се Расел Вилсон и Арон Роџерс,  а на последните три места се кошаркарите од НБА, Леброн Џејмс, Стив Кари и Кевин Дурант.

За авторот

Mr. M