Пијалоци

Најскапото виски ни доаѓа од Јапонија

Напишано од The Gentleman

Јапонците се познати по добрите пијалоци, особено по вискито. Во последните неколку години вадат едни од најдобрите Сингл Малтови. За почит е тоа, и мора да кажеме дека успеаа да ги разнишаат и некои од најголемите произведувачи на виски во светот.

Поради квалитетот, Јапонците успеаа да го направат и најскапото виски кое се продало во изминатите години.

Се работи за Јамазаки 55 годишно виски од кое една флаша чини 793.965 долари. Цената е постиганата на една аукција во Хонк Конг. Според информациите има само 100 флаши во светот произведени од оваа виски.

 

За авторот

The Gentleman