Автомобили

Најславниот автомобил на Џејмс Бонд оди на продажба

Напишано од Mr. N

Станува збор за легендарниот Астон Мартин DB5, кој го возеше Џејмс Бонд во дури два филма: ,, Goldfinger”  и ,,Thunderball”.

Аукциската куќа Сотбис ќе понуди еден од вкупно трите вакви автомобили, направени само за снимањето на филмовите. Во автомобилот има се што може да се види и во Бонд филмовите. Има оружје, табличка што се превртува со совозачко седиште, што значи дека е позната историјата на овој автомобил.

По снимањето на Thunderball, автомобилот го откупил познатиот колекционер Лорд Ентони Бамфорд , по што 35 години бил изложен во музеј.

Сега повторно е на продажба ова лето како дел од манифестацијата “An Evening with Aston Martin” , што се одржува во британското одморалиште Пебл Бич.

Се претпоставува дека почетната цена на овој легендарен автомобил нема да биде пониска од 5 милиони долари.

За авторот

Mr. N