Спортски вести

Најславните 10 изреки на легендарниот Жозе Мурињо

Напишано од Mr. N

Можеби сите имате слушнато за оставката на легендарниот тренер Жозе Мурињо од Манчестер Јунајтед, која што беше очекувана поради неговите слаби резултати кој што ги оствари оваа сезона.

Покрај спортските успеси и трофеи во своето минато, Мурињо е познат исто така по своите саркастични, смешни изјави кои станаа доста актуелни на социјалните мрежи. Во продолжение ви претставуваме неколку од нив..

1. „Јас сум Жозе Мурињо и не се менувам. Доаѓам со сите мои квалитети и недостатоци.”

2. „Мислам дека Арсен Венгер е воајер. Ми се чини дека тој ужива да ги шпионира луѓето. Има поединци кои, кога се сами дома, вадат двоглед и гледаат низ прозорецот што се случува во другите куќи. Тој само за Челзи зборува!”

3. „Младите играчи се како диња. Дури кога ќе го загризете плодот, ќе знаете со сигурност од 100 отсто дека е добар.”

4. „Имаме врвни играчи и извинете ако звучам како арогантен и врвен тренер!”

5. „Не сакам да ја освојам Лигата на Европа. Тоа ќе биде големо разочарување за мене. Не сакам моите играчи да добијат впечаток дека овој натпревар е нивниот врв.”

6. „Ако некогаш направите филм за мене, треба да го одберете Џорџ Клуни за да ме претставите. Тој е одличен актер и мојата сопруга мисли дека тој би бил совршен, како и јас.”

7. „Има многу поети во фудбалот, но тие не освојуваат титули”.

8. „Дали е можно Меси да добие суспензија за глума? Барселона е главен град на културата, со многу врвни театри и овој човек очевидно многу научил од сето тоа.”

9. „Секој пат кога играме против тимот на Пеп Гвардиола, завршуваме со 10 играчи. Тоа мора да е ново правило на УЕФА. “

10. „Ако му дозволите на Роман Абрамович да се вмеша во тренерската работа, (Челзи) ќе завршат на дното од табелата. Исто како што, ако јас го преземам финансиското управување со клубот, ќе банкротираме.”

За авторот

Mr. N