Водич за патување

Најубавите предели на Тоскана

Напишано од Пјер

Италија важи за земја која нуди се и сешто. Можете да бирате – дали сакате да одите на плажа во Сардиниа, на најголемиот остров Сицилија, низ шарените предели на брегот Амалфи, Венеција или Рим.Или според моменталната сезона, може да одберете и некој скијачки предел на северот, над Милано и Торино. Се зависи од вашите желби.

Ние нудиме малку поинаква прошетка, низ винскиот предел во срцето на Италија – Тоскана.

Областа помеѓу Фиренца, Сиена и Пиза, полна со зелени полиња и мирни прекрасни села. Дефинитивно еден од најпрекрасните предели во Европа. Ваше е да го одберете периодот (пролет или рана есен), и да се сместите по некоклу денови на повеќе места. Пред да го проверите водичот во продолжение, наш предлог е да обрнете внимание на селата Monteriggioni и Montepulciano.

Уживајте!

За авторот

Пјер