Љубов

Најважните правила доколку сакате да излегувате со помлада девојка

Напишано од martin

Живееме во едно модерно време каде што нема предрасуди како порано. Денеска тоа може да да го забележите кај многу парови низ светот дека момчињата или девојките се доста постари или помали. Денеска ќе ви презентираме една навистина интересна тема во која ќе збориме за мажите кои сакаат да излегуваат со помлади девојки.

Еве неколку правила кои мора да ги запаметите

  • Третирајте ја како девојка, а не како авантура

Жените не сакаат мажи кои ќе си играат со нив. Тие ако ве одбрале Вас како повозрасен, треба да забоавите на игрите и да се препуштите целосно кон неа и да водите грижа за неа како што би воделе и со некоја која има иста возраст како вас.

  • Немојте да ја гледате врската само за секс

Сексот е навистина добра работа. Но доколку сакате малку посериозен однос, немојте да гледате само на тоа. На вас ви треба и интелектуално поврзување.

  • Однесувајте се според годините

Ако сте повозрасен, таа треба да биде сигурна во вас. Од вас ќе треба да научи доста за многу различни работи во животот, да биде сигурна во Вашата врска и да биде со некој кој знае што сака.

  • Дозволете и да го живее својот живот

Немојте да им правите притисок да го живеат Вашиот стил на живот. Немојте да ги форсирате за брак, дека или сл.

  • Искреноста е клучот

Жените ја ценат искреноста, особено ако сте постар маж, вие треба да знаете колку е таа важна.

  • Немојте да се однесувате како да сте нејзиниот спонзор

Девојките не сакаат финансии, тие во постарите мажи сакаат да видат партнер, а не некој кој ќе ги задоволува само.

  • Бидете спремни дека ќе бидете осудувани

Кога луѓето на улица ќе видат некој пар кој има голема годишна разлика, тие веднаш ќе почнат да гледаат во Вас и да ве оговараат.

За авторот

martin