Економија

Најзначајните вредности кои што треба да ги има следниот македонскиот претседател

Напишано од martin

Една од темите со кои ќе се занимаваме во периодот кој што ни следува се, претседателските избори. На нашиот народ веќе му е доста од профили на луѓе кои не се соодветни за нивната функција, па затоа направена е една интересна анкета која што денеска можевме да ја видиме на емисијата Топ Тема на Телма телевизија.

Во оваа анкета луѓето ги кажуваа најзначајните вредности кои што треба да ги поседува следниот македонски претседател.

Еве ги по редослед:

  1. Чесност – 25 %
  2. Чувство за одговорност – 17,3 %
  3. Толеранција – 11,6 %
  4. Решителност – 10,3 %
  5. Храброст – 8,9 %
  6. Политички дијалог – 8,8 %
  7. Патриотизам – 7,5 %

За авторот

martin