Фитнес

Наместо со кафе пробајте да се расоните со овие намирници

Напишано од The Gentleman

Секое утро истата приказна. Поспани сте и ви треба брзо надополнување со енергија, но кафето можеби и не ви годи? Без грижи, овие намирници ќе имаат потполно ист ефект и ќе бидат совршен начин за да го започнете работниот ден.

Црно чоколадо

Овој вид на чоколадо благодарение на своите состојки има позитивно влијание на циркулацијата и намалувањето на воспалителните процеси. Исто така, во едно недамнешно истражување група возрасни лица со синдром хроничен замор добила количество чоколадо со 85проценти какао за период од осум недели, а на крајот на тестирањето кај сите учесници бил забележан помал замор. Ако сакате здраво чоколадо, настојувајте да го купувате она коешто содржи најмалку 72 проценти какао.

Сок од цвекло

Ако сакате да ја зголемите издржливоста, не постои подобар избор од сокот од цвекло. Од целото овошје и зеленчук, цвеклото содржи најголема концентрација од азотни оксиди. Го подобрува зголемувањето на активностите и го намалува заморот, при што потребата за потрошувачка кислород ќе биде помала.

Храна богата со железо

Една од најважните функции на железото е доведување на кислородот до вашите клетки, така што ако не го добивате во доволни количества, може да дојде до намалување на нивото на енергијата, а може да дојде и до анемија. Железото се наоѓа во месото, рибата, но може да се најде и во билките. Имајте предвид дека консумирањето на кафе или чај може да ја намали апсорпцијата на железо, па добро би било оброкот којшто е богат со железо да го консумирате неколку часа после консумирањето на било каков кофеински напиток.

Чаша ладна вода

Најчести симптоми на дехидратација се тромавост и замор, но и главоболка, и може да се јават после консумирање на алкохол. Во тие моменти, заборавете на кафето и започнете го денот со ладна вода (половина литар) како би ја подобриле работата на метаболизмот. Испијте неколку чаши вода во текот на денот и телото ќе ви биде благодарно.

Здрави оброци

Јасно, за почеток заборавете на чипсот и другите слични нездрави нешта. А ако не знаете што да грицкате во вечерните часови со омилената серија, направете парчиња здрава храна. На тој начин ќе го задржите соодветното ниво на енергија, но и расположение. Исто така, не ги прескокнувајте оброците бидејќи тоа не е здраво за вашето тело. Едноставно, хранете се поздрав.

За авторот

The Gentleman