Кариера

Направете ги овие нешта при крајот на работното време

Напишано од The Gentleman

Чукна часовникот за дома. Пред да го напуштите работното место, по завршувањето на работните часови, постојат неколку нешта кои треба да ги направите. Верувајте ќе ви биде полесно многу.

1. Листа

Направете листа од сите нешта кои сте успеале да ги направите денес и споредете ги со оние кои сте планирале да ги направите. Дали сте задоволни? Дали нешто сте пропуштиле? Истакнете се што не сте направиле и тоа ставете го на листата со недовршени работи.

2. Цели

На крајот на работниот ден поставете цели за утрешниот ден. Ќе ви биде полесно кога наредниот ден ќе седнете на бирото и ќе знаете што точно треба да направите.

3. Приоритети

Сега кога ги одредивте целите, распределете ги според важност: оние кои треба да ги направите веднаш и оние за кои имате уште време. Знаеме дека секогаш е полесно да започнете со полесните задачи, но сепак ќе ви биде полесно кога ќе ги завршите потешките задачи.

4. Работното биро

Клучот за продуктивноста е организацијата. Затоа пред да си заминете, средете го креативниот неред на вашето биро, ќе чувствувате помалку стес кога наредното утро ќе пристигнете во канцеларијата.

За авторот

The Gentleman