Интервјуа

Нашите бизнис приказни- Денис Ампов: “Создадов нешто што ќе ги учи младите да ги остварат своите цели“

Напишано од Mr. M

Нашите бизнис приказни со Денис Ампов. Основач и сопственик на консултанската куќа Смарт Степс, а истовремено и тим лидер за продажба во Пивара Скопје.

Кој е Денис Ампов? Може ли да ни кажеш нешто повеќе за себе?

Денис е личност која сака промени, живее брзо и исполнето. Од најрани години сакам да експериментирам, продажбата е нешто што ме интересира од најрано детство. Уште во училишните денови постојано сакав нешто да продавам, но до тој момент мојот главен фокус беше на кошарката, од која се откажав поради повреди и лошата состојба во македонскиот спорт. Моето ново поглавје во животот започна на 21 година, кога ја добив работата во Пивара Скопје како унапредувач на пазар. Каде после неполни две години бев унапреден во Тим Лидер за продажба. Во моментот кога бев унапреден, си ветив дека ќе создадам нешто што ќе ги учи младите луѓе да бидат високо мотивирани и посветени на сопствениот развој како би можеле на многу полесен начин да дојдат до остварување на сопствените цели. Со тоа ја создадов и мојата консултантска куќа Смарт Степс, која моментално е активна на повеќе полиња.

Како се роди идејата за Смарт Степс?

Како што споменав и претходно, главната идеја за Смарт Степс се појави со унапредувањето, односно остварувањето на една моја голема цел. А бидејќи образовниот систем кај нас не нуди едукација за темите кои што се од круцијално значење за развивање на една личност, јас создадов работилници за деца од 11 до 18 години кои ќе работат на мотивација, поставување цели, емоционална интелигенција, продуктивност, комуникациски вештини, решавање проблеми, тајни за учење итн.

View this post on Instagram

Со вашето размислување, вие го менувате вашиот живот! – . – Доколку некој ве праша во овој момент дали може да ги зголемите приходите двојноно или тројно, вие најверојтано би одговориле не… – . – Одговорот е продукт на секојдневните разговори и тешката економска ситуација – . – Но, размислете! 🤔🤔 Од кога сте почнале да работите до сега дали не сте ги зголемиле вашите приходи двојно или тројно! – . – Се е возможно, но важно е во што ќе избереме да веруваме!!! – . – Промени го твојот начин на размислување, пријави се на тренинг за личен развој! – . – #смартстепс #паметничекори #успех #тркалонаживотот #мотивација #предизвик

A post shared by Denis Ampov – Smart Steps CG (@denisampov) on

Како успеваш да направиш баланс помеѓу приватниот живот и работата?

Да бидам искрен тоа е нешто што е моја страна за развој! Бидејќи, со мојата посветеност на работата и дополнително со школата на Смарт Степс имам доста исполнет распоред во текот на целата недела. Но сепак внимавам викендите да бидат време кое ќе го искористам само за приватен живот и социјализација со пријателите. Доколку земеме дека реалниот очекуван сооднос е 60-40, јас би кажал за себе дека во текот на неделата балансот ми е 80 работа, 20 приватен живот.

Поради тоа што си релативно млад, колку според тебе младите во Македонија се спремни да рзикуваат за успех и да започнат несшто свое?

Нема личност што не би ризикувала за успех, но главното прашање што е успех е нешто што најпрвин треба да го научиме. За мене успехот преставува задоволство од самиот себе, од опкружувањето, од личниот развој, од приватниот живот како и од задоволството на професионален план. Во Македонија не гледам голем ентузијам за отварање на сопствен бизнис, но тоа можеби е и последица на тоа што нема таква едукација или луѓето се разочарани од моменталната состојбата. Но јас сепак ќе кажам дека во Македонија има одлични услови за започнување на бизнис, само е потребна инвестиција во правилна информираност и создавање на правилен бизнис план пред било што да се започне.

Може ли да ни кажете дали според вас е тежок патот да се стигне до успехот и што е според Вас пресудно за успех?

Нема успехот да биде толку интересна тема на разговор доколку патот не е тежок. Единствената пресудна работа се желбата, целта и мотивација. Но сепак потребни се и одлуч++ност, стопроцентно лично вложување, отпорност кон опкружувањето и истрајност.

Како ви почнува денот? Дали имате некоја рутина?

Да, некој би рекле дека сум програмиран. Последната година преферирам да се будам во 6 часот наутро. Првата работа што ја правам јадам некој зелен продукт и правам лесни физички вежби дваесетина минути. Откако ќе го разбудам телото, визуализирам 5 минути – каде го програмирам денот што следи, правам листа на задачи и ги запишувам позитивните моменти од претходниот ден. За на крај да прочитам 25 страни книга и да бидам целосно ментално и физички спремен за сите предизвици што следат во денот.

5 работи без кои не може да го замислите денот?

Моментално без што не можам да го замислам… веројатно се мобилниот и големиот број на телефонски повици, голем број на состаноци, долгите разговор со блиските луѓе, набиената агенда и работните задачи со кратки временски рокови.

Колку е важен стилот и начинот на облекување во бизнис светот?

Многу, многу! За ова во развиените земји, компаниите имаат интерна едукација. Стилот на една личност кажува многу, но во светот на бизнисот ПОКАЖУВА премногу.

Најголемиот совет кој некогаш сте го добиле и што имаш научено од твојот најголем неуспех?

Најголемиот совет што никогаш нема да го заборавам е после моето прво интервју за унапредување во Пивара Скопје коа беше неупешно, тогашниот менаџер ме седна и ми кажа: “Денис ти си супер, ти си одличен работник! Но јас донесов одлука дека е прерано за тебе, во светот има многу талентирани деца што одлично играат фудбал на 6 годни, но сепак тие играат во петличи – не се натпреваруваат во прва лига” Искрено во прв момент бев збунет, но добро разбрав дека можев да изгорам, стрпливоста ме донесе сега да бидам многу горд на мојата работа. Најголемите неуспеси сум ги доживеал само кога сум го слушал срцето, затоа лекцијата е секогаш да го користиме и паметот.

Како изгледа еден твој типичен работен ден?

Денот како што кажав и претходно во 90% од случаите ми започнува исто, но понатаму секој ден е своја приказна. Често имам интерни утрински состаноци со мојот тим и се кординираме за сите задачи, каде потоа работам адиминистративни работи и средби со наши купувачи. Како и активна работа на терен со тимот за нивна едукација и развивање. По завршувањето на сите задачи се префрлам после 18:00 часот во училница и работам до доцна навечер со групите кои што ја посетуваат мојата школа. Навечер се гледам со пријателите да се напијам пиво за полесен сон. На крајот од денот често користам социјални мрежи и правам евалуација на денот. И најтипично за мене е што би кажале и моите пријатели е дека сум човек што не спие.

 

За авторот

Mr. M