Стил

Нашите модни икони: Дејмс Дин- бунтовник и љубител на добриот стил

Напишано од Mr. M

Џејмс Дин е човекот кој го измисли тинејџерскиот бунт, а машкиот стил го подигнал на едно повисоко ниво. Кога ќе го погледнете Џејмс Дин, веднаш ќе забележите дека станува збор за човек кој е кул и кој преку неговата лежерност, остава моќен впечаток.

После толку поминато време, тој и ден денес е еден од омилените ликови на машката популација и тие постојано се трудат да го постигнат неговиот шарм. Неговиот стил е веќе длабоко влезен во поп културата и голем број од неговите модни парчиња кои ги носел, денеска се базични елементи на машкиот стил.

Џејмс Дин важел за боем, бунтовник и осаменик… Тој влегол во историјата на филмската индустрија иако снимил само три филмови, Rebel Without a Cause, East of Eden и Giant.

Она што го правело Џејмс Дин да се издвојува од толпата е токму неговата лежерност и ноншалантност. Популарен е по едноставните модни комбинации кои сепак биле впечатливи. Него често можеле да го видат во џинс, бели маички, кожна јакна… Често во раката држел цигара која делувала како да е дел од неговиот стил, а не како зависност.

За авторот

Mr. M