Селебрити Стил

Модни икони: Роберт Редфорд- безвременски, совршен и препознатлив…

Напишано од Mr. M

Ретко која филмска ѕвезда може да се спореди со Роберт Редфорд. Дали ви се верува дека тој е одбиен на аудицијата за филмот The Graduate, поради тоа што режисерот сметал дека не постои жена која може да го одбие овој актер.

Со текот на годините, тој успеа да го усоврши својот изглед и да го направи безвременски, совршен и препознатлив. Тој е познат по неговите тексас комбинации, но имал добро чувство и за комбинирање на костум. Неговиот атрактивен изглед направило тој да изгледа добро во се што ќе облече.

Покрај добрата гардероба, ставот е исто така дел од стилот на еден маж, со цел вашата појава да биде целосна. Токму таков е случајот со Роберт Редфорд.

Стилот на Роберт Редфорд се одликува со комбинација од каубојски и гламурозен холивуд стил. И ден денеска тој важи за пример како треба да изгледа еден маж и е инспирација и на поновите генерации.

За авторот

Mr. M