Нега и одржување

Научете повеќе за алергиите и заштитете се од опсаностите кои тие ги носат

Напишано од The Gentleman

Што е алергија?

Поимот алергија се однесува на неприродно реагирање на одбрамбениот систем на некоја материја која обично не е штетна. Алергиите се јавуваат во различни облици, од оние кои се непријатни до оние кои се опасни за животот.

Не е познато зошто се јавуваат кај некои луѓе, но сепак се смета дека наследноста има улога во нивното создавање. Алергиите може да се појавуваат и да се смируваат во текот на животот, но сепак по 40-тата година, ретко се јавуваат нови алергии.

Имунолошкиот систем го штити организмот од туѓи материи познати како антигени, така што создава антитела и други хемиски супстанци за да се бори против нив. Таквите антитела, кои се нарекуваат имуноглобулин Е (IgE) се врзуваат за мастоцитите кои ги има во изобилие под површината на кожата, во носот, очите, белите дробови и органите за варење.

Кога антителото IgЕ ќе го пронајде антигенот, го напаѓа, предизвикувајќи ги мастоцитите да создаваат моќни хемикалии како што е хистаминот. Тоа предизвикува алергиска реакција.

Алергиската реакција може да се случи веднаш или неколку часа по контактот со алергенот.

Кои се симптомите на алергиската реакција?

Алергиската реакција може да  предизвика различни симптоми, кои зависат од начинот на кој навлегол алергенот во организмот. Симптомите на алергиската реакција можат да варираат од благи до тешки и опасни по живот.

Имуниот систем препознава одреден тип на алергени како опасни по здравјето на човекот, иако тие всушност не го нарушуваат здравјето. Она што е различно кај алергиите се симптомите и нивната сериозност. Секој човек доживува различен интензитет на алергиски симптоми кои можат да варираат од блага иритација до анафилакса – сериозна алергиска реакција која може да предизвика смрт. Анафилактичкиот шок се манифестира преку пад на крвниот притисок, слаб, но брз пулс, осип на кожата, отежнато дишење, зашеметеност, гадење, повраќање, и губење на свест.      

Кои се најчестите алергии ?

Ова се најчестите видови на алергии и симптомите по кои можете најлесно да ги препознаете:

  • Алергиски ринитис или Пролетни алергии. Пролетта е време кога кај луѓето се појавуваат најмногу проблеми поврзани со алергиски реакции. Најголем причинител на овие алергии  е поленот кој го испуштаат дрвјата, тревата и растенијата. При допир на поленот со дишните патишта, луѓето кои се алергични на него доживуваат состојба на хиперсензитивно нарушување на имуниот систем кој создава значително голем број на антитела со цел да ги победи овие честички кои ги препознава како напад на телото. Антителата ги напаѓаат алергените, при што се ослободуваат хистамини во крвта, а тоа резултира со појава на симптоми на алергија, како што се зголемена количина на секрет од носот, кивавица и чешање на очите.
  • Алергијата од убод на инсект се манифестира преку оток во пределот на убодот, осип или чешање по целото тело, кашлица, стегање во градите или отежнато дишење, и анафилакса.
  • Атопичниот дерматит, алергиска реакција исто така позната и како екзема, предизвикува реакции на кожата како што се црвенило, чешање или лупење.
  • Алергијата на храна најчесто предизвикува осип, трнење или оток на усните, како и оток на јазикот, лицето или грлото, и анафилакса.  
  • Алергијата на лекарства може да се манифестира преку осип, црвенило, или чешање на кожата, оток на лицето, отежнато дишење, и анафилакса.

Зошто е потребно да се прават редовни тестирања на алергиите?

Алергените се насекаде околу нас, а алергиските реакции се непредвидливи, настапуваат брзо и можат да бидат опасни по живот. Она што најмногу загрижува е фактот дека во последните неколку години е забележан пораст на алергиите на светско ниво, особено кај децата.

Чувствителноста кон алергиите се менува во текот на животот, па така на пример може до вашата 15-та година да немате никаква алергија, а потоа да станете алергични на повеќе алергени од различни групи. Токму затоа е важно да се прави тест за алергии најмалку еднаш годишно, за да можете да откриете дали одредени симптоми се појавуваат заради алергија или инфекција.

Кој е најбрзиот и најлесниот начин да направите тест за алергии?

Алергискиот тест од крв е моментално едно од најдобрите решенија за откривање на причинителот на вашата алергија. Она што го прави овој тест посебен е фактот што е целосно безбеден за пациентот бидејќи не го изложува на контакт со алергените.

За разлика од кожното тестирање, тестот од крв не зависи од моменталната состојба на пациентот – не е важна состојба на кожата, болест, или бременост. Доколку пациентот веќе прима некаква терапија, таа нема никаква интерференција со тестот и не мора да биде прекината.

Тестот е брз и едноставен – со само еден примерок крв се прави тестирање на 30 различи алергени. Дава резултати за два и пол часа, но уште поважно е тоа што резултатите се 100% сигурни и точни, т.е. не постои можност за лажно позитивни резултати. Тестот од крв точно го идентификува алергенот како и концентрацијата на специфичниот IgE од серумот на пациентот во UI/ml и го класифицира во класи.

 

За авторот

The Gentleman