Психологија

Навики за негување на менталното здравје за мажите кои треба веднаш да ги практикувате

Напишано од Mr. M

Има добри шанси да се сопнате на некои навики за подобрување на животот и да размислите: „Зошто не го сторив тоа порано?“ Постојат голем број на навики кои мажите треба да ги почитуваат ако сакаат да бидат ментално силни и да бидат најдобра верзија од себе.

Многумина од мажите рекле дека сакаат да усвојат очигледно здраво однесување, како да се откажат од цигарите, но неколку мажи веруваат дека менталното здравје треба да биде вашиот главен приоритет. Фокусирањето на менталното здравје вклучува развој и одржување на силни пријателства во текот на животот, според заедницата.

Во еден нов пост на Reddit учесниците биле прашани да дадат нивни совети за одржување на менталното здравје кај мажите. Според многумина најдоброто нешто што мажот треба да го прави е терапија. Ова значи редовно да посетувате психолог со кој ќе можете да разговарате за било која работа и да ги извадите работите кои што ги чувате во самите себе.

Втората важна работа која мажите ја споделија е да го зголемуваме кругот на пријатели. Тие што имаат повеќе пријатели се посреќни. Забележуваме други мажи кои со текот на годините стануваат многу цинични и негативни затоа што тие се сами и ретко излегуваат надвор од куќата.

За авторот

Mr. M