Фитнес

Не е доцна да влезете во форма ни во 40-тите години

Напишано од Mr. M

Доколку сте биле спортски ентузијаст во младоста, тоа е одлично за вашето здравје. Но, доколку не е така не се грижете. Студиите покажуваат дека никогаш не е доцна да почнете со вежбање.

Луѓето во четириесеттите години сеуште имаат време да влезат во форма и да се здобијат со долговечност. Истражувањата покажале дека луѓето кои почнуваат со фитнес од 40 години и го продолжуваат вежбањето и подоцна, ја намалуваат стапката на морталитет за 35%, исто толку како и оние кои вежбале целиот живот.

Бенефитите исто така се и намалување за 40% на смртните случаеви поради кардио-васкуларни болести и пад за 15% на морталитетот поврзан со карциноми, споредено со оние кои што не вежбале или спортувале. Ова можеби се случува бидејќи со вежбањето се стимулира природната одбрана на организмот токму кога е најмногу потребна.

За авторот

Mr. M