Технологија

Не попуштија со цените! Го имаме најскапиот Ајфон досега

Напишано од martin

 

Една од најважните работи кои што сакавме да ги слушнеме на вчерашната пресконференција на Apple, е дефинитивно цената на новите мобилни телефони. Имаше доста гласини дека ќе го имаме најскапиот Ајфон до сега и тоа и се случи.

Како што и беше најавено Ејпл претстави три телефони од кои еден не само што е најголем, туку и најскап модел досега. iPhone XS Max има 6,5 инчи и Супер ретина дисплеј со кој оди и цената од 1.099 долари, а ќе се продава од 21. септември.

Од компанијата тврдат дека iPhone XS Max ќе има и до час и половина подолга автономија во однос на претходникот, а интересно е што ова е прв телефон на Ејпл кој има опција за две СИМ картички.

За авторот

martin