Настани

Не постои ништо поубаво од среќно и насмеано дете! Рамстор Мол го одбележува Светскиот ден на детето

Напишано од The Gentleman

На 20 ноември 1959 година, Генералното собрание на ОН ја усвои Декларацијата за правата на детето и на 20 ноември 1989 година ја усвои и Конвенцијата за правата на детето. Децата се непроценливо богатство, не треба многу за среќа и насмеано лице. И во услови на пандемија и нови правила на однесување и живеење, кога маската е задолжителна, не заборавајте дека среќно дете се смее и со очињата!

На Светскиот ден на детето, Рамстор Мол ќе биде обоен во сината боја која го симболизира овој ден. Целта на овој ден е да се потсетиме на сите тешкотии со кои се соочуваат децата во светот и да размислиме за тоа како да им помогнеме, да се сврти вниманието на целокупната јавност на сите обврски кои општеството ги има кон нив, како и најважните проблеми со кои децата се соочуваат.

Да ги направиме децата среќни, не само денес. Нека бидат среќни секој ден.

За авторот

The Gentleman