Фитнес

Не прескокнувајте загревање пред тренинг ако сакате да видите резултати

Напишано од Mr. N

Загревањето пред тренинг на кој било начин е многу важно, бидејќи на тој начин го подготвуваме организмот за физичкиот напор кој следи.

Експертите препорачуваат никако да не ја пропуштате оваа активност и за неа да издвоите најмалку 20 минути пред секој напорен тренинг. Тоа е многу широк термин и секој има свој начин на загревање. На овој начин се намалува можноста за повреда, бидејќи со загревање телото полека се навикнува на напорот кој ќе се доживее за време на тренингот, па за телото ќе биде помал шок и нема негативно да одговори на вежбите кои ќе ги правите.

Загревањето ќе ја зголеми температурата на мускулите, ќе ја зголеми нивната еластичност и ќе овозможи зголемување на интензитетот на тренингот. Ќе го забрза протокот на кислород во крвта, ќе ги разгиба зглобовите и ќе ја зголеми нивната подвижност.

Загревањето би требало да трае минимум 20 минути до половина час, а за тоа време ќе му дадете доволно време на својот организам да се подготви за тренинг. Сите имаат свој начин на загревање, така што некој се протега, некој трча, а некој прави вежби за сила.

Пронајдете го начинот кој најмногу ќе ви одговара и консултирајте се со лекар или тренер за кој вид загревање е најдобро за вас врз основа на вашата физичка подготвеност, но и здравствената состојба.

За авторот

Mr. N