Фитнес

Не ви треба само тереатана или сала за да бидете во форма… Имаме предлог за вас

Напишано од Mr. M

Не секое вежбање треба да биде во теретана или спортска сала. Планинарењето е одличен начин да бидете во форма и да подишете чист воздух истовремено. Ако некогаш сте се запрашале колку калории може да потрошите со планинарење еве го одговорот.

Просечен маж од 80 килограми може да изгуби околу 450 калории за еден час доколку се движи по делумно рамна површина. Секако, бројот на калории што ќе се потрошат зависат од повеќе фактори како што се телесната тежина, багажот кој го носите, патеката по која се движите и видот на планинарењето.

Image result for hiking

Колку повеќе килограми имате толку повеќе калории ќе изгубите. Доколку имате 70 килограми за едночасовно планинарење се трошат приближно 370 калории. Доколку пешачите побрзо исто така се губат повеќе калории. Патеката е важна на истиот начин.

Image result for hiking

Забележано е дека движењето по нерамна патека ја зголемува и енергијата за 28%. Што се однесува за тежината на ранецот за почеток се препорачува да биде до 10 килограми или да тежи 25% од телесната тежина. На се што треба да внимавате е да внесувате 1 литар вода на секои два часа и доволно електролити и шеќери.

За авторот

Mr. M