Нега и одржување

НЕГА И ОДРЖУВАЊЕ: Трикови кои треба да ги знае секој маж

Напишано од Mr. M

Мажите немаат потерба да прават толку работи како жените кога станува збор негата, но сепак тоа не треба да значи дека не треба да водиме грижа за себе и да се трудиме да изгледаме најдобро што можеме. Времињата се променија па и мажите денеска водат грижа и инвестираат во својот изглед на различни начини.

Еве неколку трикови поврзани со негата и одржувањето кои што секој маж треба да ги знае…

Бричењето некогаш знае да биде проблематично, особено кога нашата брада ќе порасне. Затоа ако имате долга брада, најдобро е да ја скратите со тример, па дури потоа да земете брич. Пред да го започнете тоа, задолжително измијте го лицето со топла вода.

Според многу експерти, една од најважните работи е чистењето на ушите. Најголемиот дел од мажите користа стапчиња за уши, кои според многумина не се баш најдобри. Затоа експерите веруваат дека еден од подобрите начини за чистење на ушите е маслиновото масло. Ставете неколку капки на Вашето стапче и полека чистете.

За авторот

Mr. M