Кариера

Неколку едноставни начини да работите 10 пати побрзо

Напишано од Пјер

Ако имате проблеми со задачите кои ви одземаат голем дел од денот, постојат неколку начини да ја зголемите својата продуктивност со цел да се чувствувате исполнето и да бидете задоволни со својот напредок.

1. Разбудете се рано

Успешните луѓе тврдат дека раното станување е многу важно. Ако рано станете, ќе забележите тишина. Сеуште не ве обземале двевните обврски и имате момент само за себе. Искористете го ова време продуктивно или направете план за својот ден. Ако не сте се навикнале да станувате рано, обидете се да го поместувате алармот само 30 минути порано на секои три дена, се додека не успеете да се пробудите навистина рано.

2. Направете список

Ќе се чувствувате поорганизирано ако си направите список. Списокот нека биде мал, со цел да не ви делува преоптеретувачки, тоа ќе ви даде сила и ќе ја зајакне вашата мотивација. Држете го списокот при рака. Не постои ништо полошо за продуктивноста од купот натрупани хартии испишани со обврски.

3. Јасно одредете ги целите

Сите сме попродуктивни и повредни кога знаеме кон што целиме. Ако сакате да стигнете на вечера со пријателите, на пример, бидете побрзи во извршувањето на задачи. Не е важно колку големи се вашите цели, важно е само да ги поставите.

4. Наметнете си себе си поголема одговорност

Секогаш споделувајте ги вашите цели и желби. Обврзете се, кажете и на вашата мајка или пријателка дека од утре почнувате секој ден да вежбате или да одите пешки на работа. За било што и да се одлучите, ако ги соопштите некому вашите идеи, постои поголема можност да ги остварите.

5. Завршувајте ги прво најтешките обврски

Во нашата природа е работите кои ни се потешки да ги оставаме за крај. Но, натерајте се побрзо да го пребродите она што ви е потешко, па останатиот дел од денот се ќе ви изгледа лесно.

6. Почастете се

Ако сте имале добар и продуктивен ден, не заборавајте да се наградите. Ако сте во можност купете си облека или нови чевли, но понекогаш доволно е некое чоколадо, сладолед или некое ваше омилено јадење.

7. Вашите цели нека бидат видливи

Ако сте си поставиле одредени цели, потрудете се тие да бидат видливи. Ставете ги на табла со стикери или на мониторот. Поентата е во тоа тие да ви бидат достапни кога и да се почувствувате изморено или непродуктивно.

За авторот

Пјер