Кариера

Неколку ликови без кои не би успеале на работа

Напишано од The Gentleman

Ова се лицата без кои не би успеале во бизнисот, секое лице има своја цел и задача. Сигурни сме дека кога ќе ги прочитате ќе сфатите дека сме во право. Погледнете зошто токму вакви видови на личности ви се потребни во вашиот бизнис тим.

Двигател – Во тимот е потребна личност која ќе ве „турка“ напред и ќе ве поттикнува на размислување. Двигателот е енергична личност полна со ентузијазам која ќе ве мотивира кога работите ќе одат наопаку.

Навивач – Навивачот е вашиот обожавател, кој ќе ве поддржи во секоја ситуција, но и искрено ќе каже што мисли за вас и вашата работа.

Скептик – Скептиците во се гледаат проблем, дури и пред да се појави. Зошто ви се потребни скептиците во вашиот тим? Тие се гласот на разумот кој ви е потребен за да успеете.

Човек од доверба – Тоа е лицето на кое секогаш можете да се потпрете, ова лице ги извршува задачите и ги почитува роковите.

Врска- Ова лице ви е поребнo за да дојде до луѓе и места на кои вие едноставно не можете да им пристапите. Ова лице за вас е гласот за соработка и заедница.

Модел – Моделот е лицето кое е вашиот ментор. Тоа е личноста на која и се восхитувате и која со својот пример ви покажува дека со посветеност во работата се може да се постигне.

За авторот

The Gentleman