Пијалоци

Неколку митови за вино кои се невистинити

Напишано од The Gentleman

Виното е еден пијалок кој треба да се прави со внимание, а воедно треба и да се чува и одржува со внимание. Сепак, за оние кои имаат тенденција да купуваат евтини работи или едноставно не се навикнати на терминологијата како што е сортно вино, можеби не им е многу важен бон-тонот на пиење на вино.

Поради тоа денеска се одлучивме да ви ги претставиме најголемите виновни злосторства што се извршуваат. Еве кои работи треба да ги избегнете при конзумирање на вино, особено кога пиете некое високо квалитетно вино.

Мит: Црвеното вино треба да се сервира на собна температура

Кога ова правило беше воведено кон крајот на 19 век, тоа беше, генерално, точно; сепак, ова беше ерата која недостасуваше во домовите и кога не било толку развиено интериерното домување. Како резултат на тоа, она што го сметаме за собна температура е далеку потопло од она што нашите претходници го сметале.

Се што треба да внимавате на вашиот термостат да не ја надминува температурата од 20 степени.

Мит: Отворете го шишето за да го дишете

Мора една работа да запаметите ако сте љубител на вино, ако му дозволите на шишето да дише, нема да биде ефективно, бидејќи тесниот врат на шишето нема да дозволи многу воздух да влезе. Затоа ставете го во специјален бокал за вино бидејќи ова ја зголемува површината изложена на воздух, велат експертите.

Мит: Сирење и вино се совршена комбинација

Сирењето и виното се сметаат за една од најдобрите комбинации во светот. Сепак ова е како многу бракови, не е се убаво како што изгледа. Не сите сирења одат со добро вино! Силните текстури и појакото сирење ја намалуваат способноста на јазикот целосно да го почуствува богатството и рамнотежата на доброто вино. Оваа комбинација треба да ја правите внимателно.

Мит: Сериозните вина секогаш се затворени со плута

Повеќето од нас го имаат генерално ова мислење бидејќи плутата долго време доминираше на пазарот како најпосакувана алатка за затворање на вино со способност да дозволи мала количина кислород во виното. Но, заблуда е да се мисли дека вината не созреваат много со капачиња и сега многу квалитетни вина го користат овој метод на затворање.

За авторот

The Gentleman