Бизнис совети

Неколку начини како да го подобрите спиењето!

Напишано од Mr. M

Недоволно сон и неквалитетното спиење може да влијае негативно на вашиот организам како лоша исхрана, проблеми со дигестивниот систем, кардиоваскуларниот систем, висок крвен притисок и ослабен имун систем. Затоа ние ви даваме неколку предлози како побрзо да заспиете и да го подобрите квалитетот на спиењето.

– Променете го осветлувањето

Од ламбите во вашата спална соба се до светлата на електричните апарати, сите влијаат врз времето на заспивање. Хормонот мелатонин се лачи за време на ноќта па светлината влијар врз негово намалено лачење. Можеби мислите дека ако поминете малку време на вашиот телефон пред спиење може да помогне, се лажете. Треба да избегнувате да гледате во било какви светли екрани до два часа пред времето за кое се надевате дека ќе заспиете.

– Вечерно туширање

Можеби ќе сакате да ја преиспитате вашата дневна рутина доколку сте личност која ужива туширање наутро. Експертите велат дека постојат докази дека туширањето навечер може да ви го подобри сонот. Но, не го правете тоа непосредно пред спиењето бидејќи топлата вода ја зголемува температурата на вашето тело па дајте му време да се олади и да ја избалансира температурата.

– Чаша млеко пред спиење

Млекото го содржи протеинот α-лакталбумин. Овој протеин содржи големи количини на аминокиселината триптофан кој пак произведува мелатонин, хормон што предизвикува спиење.

– Креветот нека ви биде само место за спиење

Доколку не можете да заспиете некогаш немојте од креветот да се обидувате да работите, да проверувате мејлови па дури и да читате книги. Истражувачите велат дека доколку од креветот ги завршувате работните обврски тоа влијае врз времето на заспивање и квалитетот за спиењето.

За авторот

Mr. M