Нега и одржување

Неколку правила кои мора да ги знаете при бричење со машинка

Напишано од The Gentleman

Машинката за бричење е најдоброто решение кои се случило за нега на брадата на мажите. Брзи се, лесни се, и ја завршувате вашата работа за само неколку секунди. Доколку сакате кожата да ви биде глатка и без рани, треба да ги послушате следниве 6 совети.

1. Ја олеснува работата за вас

Доколку сте изморени од бричење на лицето горе-долу со безбедносен брич, време е да ги промените работите. Електричните машинки ги острануваат влакната на лицето со супер прецизно движење.

2. Доста се флексибилни

Голем број на безбедносни бричеви ве ограничуваат во поглед на флексибилноста. Електричните бричеви, од друга страна, имаат флексибилни глави кои го следат обликот на вашето лице.

3. Имаат пософистицирани сечила

Безбедносните жилети дефинитивно имаат добро изработени острици, но електричните бараат острици што се специјализирани и точни.

4. Батериите не претставуваат никаков проблем

Ако заборавите да ја вклучите во текот на ноќта, електричните машинки имаат триминутна функција за брзо полнење што ќе ви го олесни процесот на многу поефикасен начин.

5. Одржувајте ја правилно

Машинките се како автомобилите-ако сакате добро да работи морате да ја одржувате, така ќе и го пролжите работниот век. Користете четкичка за да го исчистите восокот или маслото кое останало, и полека и многу нежно исчистете ги запците на машинката, за да не ја оштетите.

6. Бидете стрпливи

Трпението е клучно кога е во прашање било која техника на бричење, а поготово доколку сте неискусни со машинката за бричење. Доколку цел живот сте користеле брич и сега преминувате на електрична машинка, морате да бидете стрпливи бидејќи на вашата кожа и е потребно неколку недели да се навикне на новата техника на бричење.

За авторот

The Gentleman