Архитектура Бизнис совети

Со неколку совети до совршена домашна канцеларија

Напишано од Mr. M

Работата од дома стана не само тренд во последната деценија, туку и неопходност во услови кога „он-лајн“ варијантата на деловна активност е единствената можна. Тенденциите на современиот бизнис се повеќе бараат дел од работата да се заврши од дома, и затоа потрагата по идеални парчиња мебел што ќе ни овозможат високо ниво на удобност, естетика и практичност е значително зголемена.

Првиот предизвик со кој се соочуваме е големината на просторот каде сакаме да создадеме работна атмосфера. Може да биде дел од дневната соба или спалната соба, или посебна просторија, место за циркулирање на нашата креативна енергија, односно нашиот иден работен агол. Експертите препорачуваат да избираме помали парчиња мебел, по можност повеќе да се функционални и светли бои како компјутерската работна маса.

Се препорачуваат полесни тонови, бидејќи тие го отвораат просторот и оддаваат чистота и леснотија, а со самото тоа и преку ова вие ќе ја зголемите и вашата креативност.

Покрај изборот на вистинските парчиња мебел и вистинската декорација за нашата домашна канцеларија, треба да се посвети посебно внимание на создавање можности за најмногу дневна светлина, додавање на неопходно осветлување, доколку е потребно, но не заборавајќи и на редовната вентилација на просториите.

За авторот

Mr. M