Уличен стил

Неколку совети за вашето прво тетовирање

Напишано од The Gentleman

Тетоважите стануваат многу популарен начин за себеизразување, особено кај младите луѓе, кои лесно ја прифатија оваа мода за потенцирање на одредени аспекти од нивната личност, преку боење на кожата со некој цртеж со симболично значење за нив.

Тетовирањето, особено кога се случува за првпат, претставува едно непријатно емоционално искуство. Но, доколку ги имате овие совети на ум, ќе можете значително да го намалите стресот и да избегнете некои непријатни проблеми, кои може да се јават како недостаток на информации.

1. Избегнувајте тетоважи со името на девојката и сопругата

Запомнете, во никој случај не тетовирајте имиња на вашата девојка или сопруга, едноставно никогаш не знаете со која личност ќе завршите.

2. Не ги тетовирајте лицето, рацете и вратот

Освен ако не сте вистински љубител за тетоважи кој сака да биде целосно покриен во нив, тогаш избегнете ги овие места за тетоважи. Иако тетоважите станаа социјално прифатливи, некои луѓе сепак ги сметаат за „лоша“ и негативна работа. Ова ќе се изрази лошо, доколку барате работа затоа што никој нема да ве вработи со тетоважа на челото или пак вратот.

3. Не го тетовирајте долниот дел на грбот

Ова едноставно не е место за машка тетоважа. Ова е едно од најпопуларните места што жените ги тетовираат, па затоа е малку глупо да се тетовира на истото место.

4. Не тетовирајте го она што е популарно и тренди

Трендовите излегуваат од мода многу брзо, и ќе останете со тетоважа без значење што ќе ви биде повеќе како лузна.

5. Барате тетоважа што ќе ви значи нешто

Кога правите тетоважа, поентата е да имате идеја за тоа што ќе претставува таа на вашата кожа. Тоа треба да биде симбол на нешто и да ве потсети на некој. Така никогаш нема да ви биде здодевно.

За авторот

The Gentleman