Бизнис совети

Неколку заблуди за претприемачите

Напишано од The Gentleman

Кога ќе се спомене зборот претприемач, секој од вас помислува на идеален живот, како од филм. Дали и вие мислите ли дека претприемачите имаат живот од бајките? Живот каде не мора да останат цел ден на работа, бидејќи има други што работат за нив? Претприемачкиот свет воопшто не е таков и не треба да биде. Целта не ни е обесхрабрување, но прочитајте неколку невистини и заблуди кои претприемачите и останатите луѓе најчесто си ги замислуваат.

1. Ќе бидете неверојатно успешни – вие не сте идниот Марк Цукерберг. Ако мислите дека ќе седнете и ќе креирате нова социјална мрежа, преку која ќе заработувате милијарда долари во рок од 10 години, тоа нема да се случи. Бидете самоуверени, но не и да се залажувате себеси.

2. Ќе имате флексибилен работен распоред – ако поседувате сопствена компанија, не значи дека ќе подработувате 3-4 часа дневно и потоа ќе си одите дома, а притоа имајќи на ум дека компанијата ќе работи успешно во ваше отсуство. Ако не сте подготвен да работите и прекувремено, можеби не треба да сте претприемач.

3. Ќе можете да ја оставите работата кога и како сакате – сепак сте директор, нели? Мислите дека можете да се забавувате во работни денови а за викенд да отпатувате некаде? Не, ако сериозно сте размислувале за бизнисот. После се, што ви е поважно? Да пиете со вашите пријатели или да генерирате приходи преку кои ќе си ги платите сметките наредните неколку месеци?

4. Работењето од дома значи дека ќе имате време и за врска, за миленици, за работа низ домот и сл. – погрешно. Ако работите од дома, работите во т.н „свет во кој никогаш ништо нема да завршите“. Разделете го домот од работата, така е попрактично.

5. Сите сакаат да бидат како вас – да, повеќето луѓе не го сакаат она што го работаат, и да, можеби сакаат да бидат како вас и да мислат дека со многу малку работа може да постигнете буквално се, но вие и сами знаете дека е потребено многу повеќе труд од тоа.

За авторот

The Gentleman