Патувања

Несекојдневни дестинации кои изгледаат прекрасно во зима

Напишано од Mr. N

Зимата доаѓа пред нас, што значи дека се приближуваат празничните одмори.

Ако сакате да си остварите сам себе уште едно патување пред Нова Година, сега е најдобро време да го направите тоа. Доколку сакате да ја избегнете зимата која ни се доближува, веројатно ќе ви се допадне идејата за посета на вашата идеална крајбрежна дестинација како Ангвила, чии прекрасни ресорти конечно се спремни за новите гости, после тешкиот ураган.

Доколку сте љубител на скијањето и бордањето, можете да ги посетите врвовите на Италија, или пак луксузен одмор во Аспен, Колорадо. Паровите и фамилиите кои сакаат да уживаат во празникот, можат да го посетат Берлин, додека оние кои сакаат авантури и стари скулптури, најдобрар избор е Гамбоџа.

Со големиот број на опции кои ви се достапни, ние одлучивме да ви ги претставиме нашите омилени Декемвриски дестинации. Најтешкиот дел кој ви преостанува е која од нив ќе ја посетите оваа година, а која наредната.

1. Јужен Тирол, Италија

Без разлика дали ќе скијате или пак бордате, зимскиот одмор во оваа италијанска провинција е дефинитивно магичен. Ништо нема да влијае на вашиот одмор подобро од релаксирање во лускузното одмаралиште со неверојатен поглед на Доломите.

Земете го како пример Буелврит, мало место кое се наоѓа во Сан Џакомо, кој претставува историски хотел со модерен анекс. Нов додаток на ова одмаралиште се дваесетте соби, ресторанот и спа центарот, додека секој агол е дизајниран според скандинавска инспирирана естетика, карактеризирана со чисти линии, неутрални и природни материјали.

2. Берлин, Германија

Европа е прав спектакл за време на празниците и секој треба да вкуси еден од нејзините магични градови, барем еднаш во својот живот. Германската престолнина, која за празниците е исполнета со Божиќни пазари, ќе ве донесе во право време за празниците.

Пратете го мирисот на греаното вино за да стигнете до WeihnachtsZaube маркетот, лоциран на прекрасниот јавен плоштад, каде што ќе пронајдете голем број на ракотворби, комбинирани со музички и театарски претстави.

3. Ангвила, Кариби

Овој преубав карибски остров конечно е спремен за своите први гости, после тешкиот ураган на 15 Декември. Одмаралиштето Malliouhana ќе дебитира после големата реновација која вклучува голем број на нови удобности, како на пример бар со плажа и проширен базен, комбинирани со 46 освежителни соби со поглед на заливот. Ако сте стрпливи, следната година овој ресорт планира да отвори двособни вили на плажата, како и редизајниран спа центар.

4. Камбоџа, Азија

Не ви се пружува секојдневна прилика да во своето одбрано одмаралиште пристигнете со помош на зип линија, но сепак, Shinta Mani Wild не е обично одмаралиште. Како последна новост од страна на дизајнерот Бил Бенсли, ова одмаралиште се наоѓа во националниот парк South Cardamom.

Со отворањето на 21 Декември, ова одмаралиште ќе ни понуди петнаесет апартмани што ќе ве воодушеват со својот луксуз, додека гастрономијата ќе содржи диви растенија, а активности ќе бидат достапни со прошетки од страна на водичи и експедитивни бродови.

5. Аспен, Колорадо

Сигурни сме дека и вие би сакале барем еднаш да ја посетите оваа зимска магична дестинација, особено поради фактот дека Snowmass Village ќе ја заврши својата прва фаза од развојниот проект, вреден 600 милиони долари.

Што се однесува до изборот на хотели, најдобар избор е Limelight хотелот кој содржи 99 соби, претставува дом за планинарите и нивниот приватен клуб, кој им нуди на своите членови бројни удобности во подножјето на планините.

За авторот

Mr. N