Пијалоци

Нешто ново за љубителите на доброто кафе

Напишано од martin

Сигурно сте запознаени со тоа дека кафето е најголемиот глобален феномен во светот. Тоа е пијалок во кој уживаат различни култури кои немаат никаква поврзаност едни со други, а сепак сите го пијат. Секоја држава има свој начин на кој се издвојува во пиењето на кафе.

Пиењето кафе во Македонија никако не се подразбира да се пие набрзина. Тоа кај нас се пие речиси секогаш и во секоја прилика. Дали станува збор за расонување, пауза од работа, состанок или пак дружба со пријателите, кафето е нешто без кое ние македонците не можеме да си го замислиме денот. Кога некого ќе поканиме на кафе, тоа често значи многу повеќе од тоа, бидејќи пиењето кафе кај нас знае да потрае и со часови. Затоа голем број на странци кои доаѓаат кај нас, навистина им е чудно кога ќе ги видат кафулињата полни во било кој дел од денот.

Да, дефинитвно кај нас знае и да се претера со уживањето, па така и обичното кафе може да порасне во целодневна дружба. Колку поголемо друштво, толку подобро!

Затоа денеска, ќе ви предложиме еден начин како уште повеќе да уживате во вашето кафе и во дружбата со пријателите. Пред да одите во некое од вашите омилени кафулиња, скршнете до некоја од локалните продавнички или маркети и побарајте Twix чоко сламка.

Не за џабе голем број од кафулињата, кога ви го служат кафето, ви носат и мало колаче. Комбинацијата на кафе и благо е една од најпозантите во светот.

Сега, покрај заблажување, вие добивате и сламка. Се што треба е да го гризнете чоколадото Twix од двете страни и потоа можете да го користите како сламка за вашето кафе. Но, ова не е обична сламка, ова е сламка преку која ќе можете да уживате во едно неверојатно искуство при пиењето на вашето омилено кафе помешано со добро познатиот вкус на Twix чоколадите.

Пробајте го нашиот предлог, ве уверуваме дека нема да згрешите!

За авторот

martin