Економија

Netflix во голема финансиска загуба!

Напишано од Mr. M

Една од најпопуларните стриминг платформи на светот Netflix, последните неколку денови е во центарот на вниманието. Пред неколку дена беше објавен извештајот од нивното работење, а бројките не беа баш сјајни и вредноста на нивните акции падна за 10 %.

Првите проблеми се појавија уште во минатиот квартал кога драстично се намалија претплатниците во САД. Иако Netflix доби 2,7 милиони претплатници, тоа е помалку од половина од она што е предвидено.

Целата работа на оваа платформа се темели на бројот на претплатници, а компанијата постојано вложува милиони во унапредување на своите услуги, се поставува прашањето колку оваа компанија има профит.

Според информациите кои пристигнуваат од компанијата, причини за голема загриженост нема бидејќи бројот на претплатници на глобално ниво расте и дека сеуште постојат пазари кои што треба да ги освојуваат низ светот.

Уште една од причините која што му прави проблеми на Netflix е тоа што се појавија нови платформи кои имаат иста дејност и стануваат се поголема конкуренција.

За авторот

Mr. M