Апликации

Netflix знае кои корисници ја користат вашата лозинка за пристап

Напишано од Mr. N

Netflix знае кои кориници им ја даваат лозинката за пристап на стриминг платформата на свои пријатели и роднини, а наскоро ќе се погрижи веќе никогаш да не го направите тоа.

Компанијата веќе соопшти дека ги следи корисниците кои ја даваат својата шифра за логирање, а следниот чекор е ги спречи и тоа со помош на вештачка интелигенција.

Тоа значи дека двајца луѓе може да го користат основниот пакет (сепак не во исто време), а средниот пакет може да го користат неограничено двајца со едно логирање. Тоа секако, не му одговара на Netflix бидејќи значи една претплата помалку, што е еднакво на помалку профит.

Проценката е дека поради ваквите активности на корисниците, компанијата во период од две години ќе има загуба од речиси 10 милијарди долари на светско ниво.

Netflix најде решение на овој проблем во вештачката интелигенција. Системот ќе го следи бројот на корисници што од еден профил пристапуваат на платформата и ќе ги предупредува за неовластено користење на услугите.

Токму еден ваков систем, наречен Synamedia Credentials Sharing Insight, беше претставен во почетокот на годинава на саемот Consumer Electronics Show во Лас Вегас.

За авторот

Mr. N