Филмови

Ни доаѓа првиот филм за пандемијата (ВИДЕО)

Напишано од The Gentleman

Животот кој го живееме речиси една година е како на филм, а сега го имаме и првиот филм за пандемијата и коронавирусот. Се вика In Lockdown и во главната улога е оскраовката Ен Хатавеј.

Линда (Ен Хатавеј) и Пакстон (Чиветел Еџиофор) кои одлучуваат да ја прекинат нивната врска, се наоѓаат на несреќна раскрсница кога задолжителното заклучување во Лондон ги ​​принудува да останат под ист покрив.

Додека новите одговорности ја оставаат успешната директорка за маркетинг Линда разочарана од корпоративниот свет, Пакстон, креативец со криминално минато, е на одмор.

Поттикнати од поезија и обилно количество вино, нивните напори за мирен соживот ќе им помогнат повторно да ги откријат слободните духови какви што некогаш биле – и да се опијат од неочекуваната можност за кражба на накит.

Покрај Ен Хатавеј и Чиветел Еџиофор, во филмот играат уште Стивен Мерчант, Минди Калинг, Луси Бојтон, Дале Хил, Џазмин Симон, Бен Стилер и Бен Кингсли. Филмот е во режија на Даг Лиман. Филмот „In Lockdown“ премиерно ќе биде прикажан на 5 февруари на HBO GO, а на каналот HBO на 7 март во 21 часот.

За авторот

The Gentleman