Економија

Nike ги објави првите податоци за онлајн продажбата во овој карантински период

Напишано од Mr. N

Nike ги затвори голем дел од продавниците низ светот поради вирусот COVID-19, но на сметка на тоа нивната онлајн продажба доби на сила.

The Business of Fashion во еден од своите последни репортажи, објави дека Nike имал раст на онлајн продажбата во Кина од 30% за време на најголемиот карантин во оваа земја, а за истиот период нивната ритеил продажба паднала за 5%, пред истата да биде целосно затворена во некои области на Кина. Сега Кина почна да се враќа на нормален живот, така да рител продажбата ќе се врати набргу на своите препознатливи бројки.

Официјални извори од Nike веќе објавија дека фокусот го пренасочиле на нивната digital app ecosystem апликација и на Nike Expert Trainer network во Америка и во Европа. Стратегија која ќе се исплати на долги стази.

Во овој период има официјални податоци за третиот квартал за 2019 година, каде онлајн продажбата на гигантот веќе пораснала за 36% во однос предходните квартали. Овие бројки ќе бидат уште поинтересни во 2020 година, каде голем дел од продажбата е усмерена преку нивните веб страници.

View this post on Instagram

Now more than ever, we are one team.⠀ #playinside #playfortheworld

A post shared by nike (@nike) on

За авторот

Mr. N