Мода Спорт

Nike со специјална колекција за NBA Europe натпреварот во Париз

Напишано од Mr. N

Во јануари, Милвоки Бакс и Шарлот Хорнетс ќе се соочат во NBA Europe натпреварот Париз. Благодарение на оваа можност, Nike создаде комеморативна колекција на тематска облека и аксесоари.

Инспирирана од француската престолнина, капсулата, покрај аксесоарите, се состои од маици, дуксери, спортски јакни и тренерки. Предметите се брендирани со вообичаен мотив „Париз“ кој вклучува лого инспирирано од NBA брендот. Поголемиот дел од стиловите се нудат во црно-бела боја, додека дополнителни елементи содржат одлични принтови.

Oваа инспиративна колекција може да ја купите во Парис во NBA продавниците на Nike или пак на интернет. Играта се одржува на 24 јануари во AccorHotels арената.

 

За авторот

Mr. N