Бизнис совети Интервјуа

Нино Карас: „Патот е многу тежок, но доколку визијата ви е лично важна, тој станува полесен“

Напишано од Mr. M

Денеска нашиот тим имаше можност да разговара со младиот и успешен Нино Карас, ко-основач на компанијата CodeWell која работи на развој на мобилни апликации за различни платформи. За успехот, за младите во Македонија и кои карактеристики треба да ги има еден лидер, прочитајте од интервјуто со Нино.

Колку е според тебе тежок патот до успехот?

Колку е тежок патот до успехот зависи од тоа колку високо ви се поставени целите и колку ви е вам лично важно да ги достигнете. Реално е потребно многу труд, работа и посветеност. Патот е многу тежок, но доколку визијата ви е лично важна и ви причинува задоволство тоа што го работите, целиот пат е значително полесен.

Колку според тебе младите во Македонија се спремни да ризикуваат за успех?

Познавам многу млади претприемачи од нашата држава, што значи дека има многу индивидуи кои се спремни за ризик и предизвици. Општо за младите не би можел да одговорам. Општо сметам дека многумина не би се одлучиле на овој пат, но сепак и претприемништвото не е за секого.

Кои се карактеристиките кои што сметаш дека треба да ги поседува еден лидер за да води успешна компанија?

Според мене трите најважни карактеристики што треба да ги има еден претприемач и лидер се:

  • Упорност – бидејќи има многу предизвици на патот кои треба да се совладаат
  • Логично расудување – има многу начини како може да се реши еден ист предизвик, а секогаш е потребно најдоброто решение
  • Емпатичност – заради тоа што сите од тимот сме на истиот пат и се бориме да ги достигнеме целите заедно

За авторот

Mr. M