Водич за патување

Ништо нема да го подобри вашиот Instagram како патување во Турција. Еве доказ.

Напишано од martin

Од моментот кога за прв пат сте направиле Инстаграм профил, сигурно сте гледале безброј фотографии од летечки балони при изгрејсонцето во Кападокиа, Турција. Поминаа неколку години, и конечно имав можност да ја посетам оваа област и да го доживеам ова место.

Кападокија е местото кое што после Истанбул е можеби најатрактивното во Турција. Место кое навистина ќе ве врати низ времето. Kако што кажавме Кападокија е позната по летањето со балоните, кое започнува рано наутро. Сонцето почнува да изгрева, а вие гледате некаде околу 150 балони како летаат. Глетката ќе ве остави без здив.

Open Air музејот е задолжителен кога станува збор за Кападокија. Се состои од групи на цркви и манастири вградени во прекрасните камени формации кои ја прават Кападокија толку добро позната.

За авторот

martin