Филмови

“NO TIME TO DIE” – ова е официјалното име на новиот Џејмс Бонд

Напишано од Mr. M

Официјално е соопштено името на новиот Џејмс Бонд, а тоа е “NO TIME TO DIE”. Овој филм е сеуште во продукција, а се очекува во кината да е појави на 2 април 2020 година. Покрај Даниел Крег во филмот се појавува Реми Малек, Леа Седу, Лашана Линч, Бен Вишо, Наоми Харис, Били Магнисен, Ана Де Армас, Рори Кинир итн.

Бонд ја напуштил службата и уживал на Јамајка се до моментот додека не се појави неговиот пријател Феликс Литер кој ќе го замоли за помош. Мисијата која што ќе треба да ја направат ќе излезе многу покомплицирана од тоа што всушност требало да биде.

Ова е накратко што не очекува од новиот Бонд, па останува со нетрпение да го чекаме филмот.

За авторот

Mr. M