Стил

Нова гламурозна колекција на Адидас патики од Раф Симонс

Напишано од Mr. N

Креативниот директор Раф Симонс создава уште една фантастична соработка со брендот Адидас.

Новата гламурозна колекција што тој ја креираше за Адидас e инспирирана од страна на рок ерата во 70-тите. Овие модели се повторно во чуден стил, но овој пат во сребрени тонови.

Колекцијата во продавниците се очекува да пристигне кон крајот на овој месец, а со оглед на тоа што Раф Симонс е дизајнер за кој најмногу се зборува во моментов, повеќе од очекувано е колекцијата да се распродаде за многу краток рок.

За авторот

Mr. N