Омилени места

Нова сезона, нови превкусни производи во вашата омилена пекара Breadway

Напишано од The Gentleman

Септември е месец кога започнуваме нови работи. Завршуваат летните одмори и некако влегуваме во нови предизвици.

Така е и со пекарата Breadway. Мало, но преслатко место во центарот на градот кое постојано предизвикува воздишки кај потрошувачите. Ова мало италијанско катче со превкусни производи е вистинска синтеза на вкусови од повеќе култури и држави.

Оваа сезона од Breadway ни понудија нешто ново. Нешто кое нема да можете да одолеете.

КАНОНЧИНИ

Канончини со фстак и орео!!! Производ кој е апсолутен хит во светот, а сега имате можност да го вкусите и кај нас во Breadway. Врвно гастрономско уживање.

ОВОШНИ ТАРТОВИ

Да, да, да… добро познатите тартови но доаѓаат со нови вкусови кои ќе ве полудат. Морате да ги пробате.

НОВИ ВКУСОВИ НА ОМИЛЕНИТЕ “CRONUTS”

Надалеку прочуените Cronuts крофни… нема човек од цела држава кој не дошол специјално да ги проба…

Е сега имаат и нов вкусови.. на пример FERRERO, RAFAELLO и DULCE DE LECHE. Звучи превкусно

Но, во Breadway не е се само благо… има и превкусни солени новитети.

Дојдете на топла наполитанска пица со песто или превкусно пиде со четири вида на сирење. Сигурно не сте пробале нешто вакво досега.

Затоа побрзајте и дојдете на Плоштад Македонија и уживајте во преубавите вкусови на најдобрата пекара кај нас.

За авторот

The Gentleman