Уличен стил

Новата патика Air Max Viva и производите на Sheezick na reezick (Шизик на ризик) го одбележаа денот на Air Max

Напишано од The Gentleman

Денот на Аir Max се одбележува и ја слави урбаната култура насекаде низ светот уште од креирањето на култната патика на Nike во 2014.

Годинава Аir Max денот локално беше одбележан со заедничката фото сесија на Buzz Sneaker Station и македонскиот lifestyle бренд Шизик на ризик. Фотографиите го промовираат новиот модел патики со женска силуета Nike Air Max Viva во комбинација со дуксери и маици од последната спортска приказна на Шизик на ризик.

Централен лик на оваа фото соработка беше македонската кошаркарка Едина Муса која “настапи” во удобната нова Air Max Viva и “играше” под скопскиот култен број 91 и амблемот на вкрстени пиперки на Шизик на ризик.

Патиките се во продажба во продавниците на Buzz и NikeShop, а облеката е достапна во продавницата на Шизик на ризик и онлајн (https://bit.ly/3m0ALNx)

Instagram links:

@sheezicknareezick

@buzzsneakerstation

@edina_musa

За авторот

The Gentleman