Автомобили

Нови детали за наследникот на безвременската Лада Нива

Напишано од Mr. M

Сопствениците на брендот AvtoVAZ, напорно работат на новиот модел 4×4, но како што вика директорот на компанијата Фабиен Гулми, уште неколку години нема да се појави на пазарот овој автомобил.

Она на што се гледа дека многу внимаваат е надворешниот дизајн на автомобилот. AvtoVAZ изјави дека автомобилот ќе биде долг 4,2 метри и ќе има 5 врати и големо одвојување од земјата што ќе му овозможи да се движи по секакви услови.

Кај овој модел во план е да се стават електронски решенија и систем за асистенција за автоматизирана оптимална распределба на снагата на тркалата.

Веќе 40 години, легендарната Лада Нива е достапна на пазарот. Најновиот модел ќе има за цел да користи 4 цилиндарски 1.7 бензинец со 83 коњски сили 5-брзински мануелен менувач, а ќе има сила на сите четири тркала.

За авторот

Mr. M