Технологија

Новиот MacBook Pro најверојатно пристигнува во септември

Напишано од Mr. N

Редизајнираниот 16-инчен MacBook Pro на Apple би требало да пристигне на пазарот веќе во септември оваа година.

Како што пренесува “The Verge”, според најавите на познатиот аналитичар Џеф Лин, новиот лаптоп на американскиот гигант ќе користи LCD екран од LG Display со резолуција од 3072 х 1920.

Новиот 16-инчен MacBook Pro исто така ќе биде опремен со најновиот процесор на Apple, што секако не е изненадување.

Исто така, се очекува новите MacBook Air и 13-инчниот MacBook Pro да добијат надградба на процесорите. Од друга страна пак, нема никакви новости за 12-инчниот MacBook кој нема надградба повеќе од две години.

Покрај новиот MacBook Pro, Apple оваа година ќе претстави и 32-инчен 6К монитор.

За авторот

Mr. N