Пијалоци

Новите истражувања покажуваат дека здравствените придобивки од чајот се многу поголеми

Напишано од Mr. M

Топла чаша чај може да ги смири грлото и синусите кога се борите со настинка, но новите истражувања покажуваат дека здравствените придобивки од пијалокот всушност се многу поголеми. Новата студија објавена во Европскиот Весник за Превентивна Кардиологија открила дека пиењето чај најмалку три пати неделно е поврзано со подолг животен век и значително намален ризик од кардиоваскуларни проблеми како срцев удар и мозочен удар.

Студијата анализирала 100.902 учесници како дел од Кина PAR проектот чија цел е здравствена проценка на населението. Учесниците биле поделени во две групи: такви кои конзумирале чај три или повеќе пати неделно и друга група која пиела чај помалку или воопшто. Ова испитување траело 7,3 години.

Резултатите биле следниве: луѓето кои пиеле чај вообичаено покажале подобри резултати и живееле подолго од оние што пиеле чај поретко или воопшто не го конзумирале. Редовните конзумирачи покажале 20 % помал ризик од срцеви заболувања и мозочен удар и имале 22% помал ризик од инфаркт. Згора на тоа, тие исто така покажале 15 % помал ризик од смрт од било кое заболување. Освен ова, 50 годишните кои пиеле чај се покажало дека развиваат ризик од срцеви заболувања 1,4 години подоцна од останатите и живеат подолго за 1,2 години.

Истражувачите забележале дека здравствените придобивки се најсилни за зелениот чај. Причината за ова може да има врска со активните соединенија во чајот кои се нарекуваат полифеноли, а се класа на природни микрохранливи материи и главен извор на антиоксиданти. Па направете му услуга на вашете срце и послужете се со шолја чај.

За авторот

Mr. M