Бизнис совети

Новите лидерски пракси – Каква промена носат за вашиот бизнис?

Напишано од martin

Интересен текст од Виктор Куновски кој вреди да се прочита. Викотр е бизнис коуч и основач на КОУЧ ЕРА.

Почитуван Читателе,

Пред 2 недели, во својата Скопска канцеларија, ме покани извршната директорка на една реномирана маркетинг агенција.

Додека го пиев топлиот чај и за да дознаам што им е потребно ја прашав зошо сум повикан?

Во одговорот кој го добив, меѓу се’ што беше кажано, две реченици отскокнуваа со својата вредност и вистина. Ве поканувам горната да ја прочитате неколку пати, бидејки разликата која ја отсликува е ОГРОМНА.

Всушност тоа е разликата од ЕГО до ЕКО….

….ние несакаме да ги мотивираме нашите вработени на стариот начин…туку сакаме да ги инспирираме да бидат константно мотивирани за себе и за компанијата.

…едниствената грижа/страв кој го имам е дека стариот начин на кој што сме ги воделе работите, едноставно веќе не функционира, а ние како компанија сеуште не ги користиме и познаваме новите начини на кои што тоа се прави… 

БУУУМММ…….Во себе имав вистински момент на БУУУМММ кога го чув ова.

Си викав….женава неможеше на поубав и поедноставен начин да ја остслика реалноста во која се наоѓаат многу бизнис лидери и компании ширум Македонија, но и насекаде низ светот.

Старите модели и методи на менаџирање го достигаат својот плафон и многу свестки бизнис лидери се чуствуваат слично на менаџерката која ја цитирав…како да удираат со глава во истиот ѕид за кој што веќе и самите се свесни дека не функционира.

Продуктивноста стагнира, иновативноста исчезнала, менаџерите се исцрпени и под огромен стрес, а вработените се незадоволни и демотивирани. Ова е стариот начин на менаџирање…дури и мојата домаќинка го нарече ОЛД СКУЛ.

Денес,се почесто и почесто, овој застарен стил на управување се именува како ЕГО функционирање.

Има подобар начин – новиот ЕКО начин

Ајнштајн, во една прилика, ќе ја даде следнава дефиниција за лудило:

Лудило е да ги правиме работите на стариот начин, а да очекуваме поинакви и подобри резултати.

Ајнштај бил апсолутно во право.

Повторувајки ги старите менаџерски и лидерски пракси завршуваме во добро познатата слепа улица, која неводи никаде.

Но фала богу, човекот евоулуира, а со него и новите лидерски пракси.

Новите лидерски пракси се неверојатно моќни во споредба со ОЛД СКУЛ праксите кои ги знаеме. Создраваат кохезија во организациите, континуирана иновација, зголемена продуктивност, задоволство кај вработените, го зголемуваат профитот….

Погледнете ја табелата, со која што најдобриот универзитет на планетава- MIT Boston ја илустрира разликата меѓу старите (ЕГО) и новите (ЕКО) лидерски пракси.

Табелата како и две реченици на мојата домаќинка кои ги споделив погоре, само ја потврдуваат реалниста во која се наоѓаме и потребата за трансформирање и редефинирање на начионот на кој што многу компании ги менаџираат луѓето и процесите.

7К – Седум пракси на високо иновативните тимови

Во 2009 на мојот професионален пат се појави еден огромен проблем.

Имено, системот/организацијата за која што работев покажуваше многу висок степен на неусогласеност, непродуктивност и воопшто лошо менаџирање и функционирање.

За да бидам од корист, почнав да го барам одговорот на прашањето,

Како создаваме исклучителни организации?

Намерата позади прашањево беше многу едноставна. Споменатиот систем кој буквално беше на границата на опстанок, да се трансформира и да прерасне во исклучителна организација.

Одговорањето на ова прашањето, во наредните 3/4 години ме одведе до неколку организации – глобални бизниси кои имале идентичен проблем и кој морале да го решат, за да опстанат понатаму. Ги истражував и ги набљудував начините на кои тие се справиле со овој предизвик.

Дополнително, имав можност да бидам дел од “Ulab” голема трансформативна програма водена од најдобриот универзитет на планетава MIT Boston, која ги користеше моментално најиновативните лидерски и организациски пракси за трансформација на себе, бизнисот и општеството.

Често бев во контакт со мои колеги за кои сметам дека денес ја водат најиновативната консултантска куќа на планетава.

Бев “ученик” и сеуште сум, на една од највлијателните современи спиритуални академии во светот…

Но зошто ви ги набројувам сите овие успешни универзитети, компании, спиритуални школи итн.

Не, немам ни најмалку намера да ве импресионирам со мето C.V.

Причината поради која ги споменав сите овие организации е бидејки, сите тие, без ниту еден исклучок, денес ги користат истите пракси, без разлика дали се работи за трансформација на поединци, лидери, компании па дури и цели нации – Праксите се идентични.

Единствената разлика која постои не е во праксите, туку во различните имиња кои овие организации им ги дале.

MIT Boston, под едно име ги вика “ТЕОРИЈА U”, моите колеги од NOWHERE ги викаат “креативен тобоган”…во GOOGLE се познати како design thinkig (дизајнерско размислување)….итн.

Па зарем не е логично дека кога светските лидери ги користат бидејки даваат сериозни резултати истиве пракси неминовно ќе станат дел од секојдневното функционирање и на вашиот бизни/организација.

Останува само прашањето на времето, Кога?

Лично сметам дека што побрзо започнеме да ги користиме, тоа подобро за нашите бизниси, економија и животен стандард. И дека секое одолговлекување само ќе ве чини многу изгубено време, пари, енергија, пропуштени можности и секако нарушено здравје и зголемен стрес.

Со цел да ги приближам истиве до македонскиот читател, менаџер и менталитет, јас нив едноставно ги крстив со 7К – Седум пракси на високо иновативните тимови. 

Токму овие пракси се иднината на менаџментот и на лидерството.

Ова се праксите кои добрите организации ќе ги претвораат во Одлични, каде што иновацијата е секојдневие, не само желба која се случува еднаш годишно или по некоја случајност.

Ова се праксите кои ги инспирираат вработените во континуитет да создараат врвна продуктивност.

За нив, во следната објава ќе пишувам малку подетално.

До тогаш,

Искрено Ваш,

Виктор Куновски

Оснивач на КОУЧ ЕРА

Тел: 070 991320

Веб: https://bit.ly/2MtNXwc

За авторот

martin