Автомобили

Новитети од Volkswagen за 2019 година…

Напишано од Mr. M

Секоја година, компанијата Volkswagen одржува прес- конференција каде што ги претставува сите новитети и планови за во иднина. Групацијата Volkswagen е најмоќна во автомобилската индустрија бидејќи таа ги зодржи брендовите Volkswagen, Audi, Škoda, Seat, Porsche, Bentley, Lamborghini и Bugatti.

Поради големиот број на брендови, нивните конференции траат доста долго, бидејќи новостите се големи.

Што ново може да се очекува оваа 2019 година?

Од она што можевме да го прочитаме и да го пронајдеме на интернет, компанијата го најави кросоверот на Volkswagen кој ќе биде со 5 седишта, потоа ќе имаме и две електрични возила од моделите Bora и Lavida.

Покрај овој бренд, највени е и дека ќе се лансира новиот Porsche Cayenne Coupe и Audi  Q3 Sportback. Кога збориме за едно од најпознатите возила од оваа групација, Golf, тој ќе биде лансиран за прв пат крајот на 2019 година.

 

 

За авторот

Mr. M