Музика

Ново од дуото Александар Митевски и Драган Спасов Дац

Напишано од Mr. M

На 14 февруари за прв пат се промовираше новата песна на дуото Александар и Дац, “Хипноза на една љубов”. Музиката и текстот на “Хипноза” се на Александар Митевски, а аранжманот и продукцијата ги потпишува Иле Спасев.

Оваа емотивна балада е насловна песна од истоимената театарска претстава “Хипноза на една љубов” која се подготвува во Драмски Театар Скопје, на текст на легендарниот драмски писател Душан Ковачевиќ (Собирен центар, Балкански шпиун, Маратонците го трчаат почесниот круг, Професионалец). Музиката за претставата е дело на Александар Митевски.

Премиерата се очекува на 28 март, а во неа покрај Драган Спасов Дац играат и Ѓокица Лукаревски, Маја Вељковиќ, Соња Стамболџиоска, Филип Трајковиќ и Димитрија Доксевски.

За авторот

Mr. M