Настани

Објавена програмата на „После часови“!

Напишано од Mr. M

Уште само неколку дена не делат од второто издание на После Часови!

На огромно задоволство на сите родители, деца и млади на 14ти и 15ти септември ќе се одржи второто издание на саемот за воннаставни програми и активностиПосле Часови!

Овие два дена ќе бидат исполнети со разни забавни, активни и практични активности, а секое дете ќе ја има уникатната можност да го искуси и доживее сѐ она што го нудат најдобрите едукативни центри, организации, музички и уметнички студија и спортски клубови кај нас.

Организаторите веќе ги објавија сите изложувачи, како и официјалната програма, а на големо задоволство ја објавуваме и ние:

Сабота 14.09.2019|

10:00     Зумбини® и ран музички развој | Зумбини® со Тереза

10:30     Проверете зошто мечувањето е различен спорт од останатите | Мечувалечки клуб „Ескрим“

11:00      Гимнастика – повеќе од спорт | КГС Партизан ОРЦЕ НИКОЛОВ

11:30      Светот на децата на едно место со Просветно дело | Просветно Дело

12:00     Сакам роботи со IThink Академија | Seavus

12:30      Бреинобреин Демо Презентации – Мултитаскинг | Brainobrain

13:00      Storytime / Време за приказна | Bridges Learning

13:30      Kids having fun | Balkan Fun

14:00     Изложба на фотографии | Истражувачко друштво на биолози

15:30      ШАМПИОНАДА | Champions House

16:00      Демонстрација на Нинџутсу вештини | Буџинкан Македонија

16:30      Перформанс на Beatrix Crew | Beatrix

17:00      KaDance Salsa Bachata & Zumba | Каденс

17:30      Music House Promo Concert | Music House

Недела    15.09.2019|

10:00    Балканскиот рис – големата мачка со мали шанси | Македонско еколошко друштво

10:30    Перформанс | Студио за танц Абстракт

11:00     Презентирање на книгата „Зебричка“ | Топер

11:30     Иновативни програми за модерни генерации | Арс Ламина

12:00     Училиште за ментална аритметика за деца кои го менуваат светот | Малац Генијалац

12:30    Mузика и танци со роботите Dash i Dot |  MindHub

13:00      Кул деца – креативни деца | Cool Kids

13:30      “Што се случи во автобусот на линијата С?” | Детско Младинско Драмско Студио СЦЕНА

14:00       Creative Hub за креaтивни деца | Creative Hub

15:30      ШАМПИОНАДА | Champions House

16:00      Читаме – сонуваме – креираме! | Детски Креативен Центар при МКЦ

16:30      По патот на музиката | ПИЈАНОФОРТЕ

17:00      Претставување на музичкото училиште Ентерпрајз | Enterprise

17:30      Jazz & hip hop performance | Aqua Dance Club

Настанот е бесплатен и отворен за посета за широката јавност, а ќе се одржи на 14ти и 15ти септември 2019 во Градскиот Парк, поточно на Школка, со времетраење од 10:00 до 18:00 часот двата дена.

Следете ги сите информации и детали поврзани со настанот на официјалната Facebook фан страна – ОВДЕ.

За авторот

Mr. M